Рускиот амбасадор во Германија се закани со сериозни мерки поради оружјето од Запад за Украина

Амбасадорот на Русија во Германија Андреј Келин изјави дека Москва ќе мора да се преземат „сериозни мерки“ доколку западното оружје во Украина „ја загрози стратешката ситуација на Русија“.

Во интервју за Ројтерс, Келин рече дека Украина порано или подоцна ќе треба да одлучи дали ќе постигне мировен договор со Русија или „ќе продолжи да тоне кон пропаст“.
На прашањето како може да заврши конфликтот во Украина, Келин рече дека Русија ќе ги победи украинските сили во целиот источен регион Донбас.

„Ќе го ослободиме целиот Донбас“, рече Келин.

Тој, исто така, тврди дека е „малку веројатно“ руската армија и проруските сепаратисти да се повлечат од големата окупирана област долж јужниот брег на Украина.

„Веќе видовме дека по повлекувањето почнуваат провокации, се пука во луѓе и слично“, рече Келин.