Рускиот авион со украински заробеници е соборен со американска ракета „Patriot“ а Западот не е заинтересиран за истрага, рече Путин

Рускиот транспортен авион „Ил-76“ со заробени украински војници минатата седмица беше соборен со противвоздушен два проектила „Patriot“ кој на Киев му ги испорачале САД, изјави во средата рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека ниедна меѓународна организација не е заинтересирана да ја истражи оваа трагедија.

„Авионот е соборен, тоа е точно утврдено, со американскиот систем Patriot. Тоа веќе го покажа експертизата“, рече Путин на состанокот со соработници и функционери.

Рускиот претседател посочи дека ниедна меѓународна организација не сака да спроведе истрага за да се утврди вистината за несреќата.

„Официјално велам: бараме од вас да испратите меѓународно експерти и да ја спроведете таа анализиа, да го оцените остапните материјални докази дека авионот е соборен од системот Patriot“, појасни Путин и појасни дека станува збор за два проектила.

Рускиот челник рече и дека на западните сојузници на Киев се обидуваат да го одмолчат падот на авионот „Ил-76“ со кој на договорена размена на воени заробеници во Белгород биле носени 65 украински војници. Путин посочи дека во западните медиуми нема ниедна објава за оваа тема „информативнот поле е исчистено како со клик“, но порача дека Русија нема да го заборави ова злосторствата кои се вршат врз нејзините граѓани.

Зборувајќи за причините за уривањето на авионот, Путин истакне дека не знае и не разбира зошто властите во Киев се решиле да го соборат авионот со украински војници.

Украинските власти и медиуми во прв момент триумфално објавија дека собориле руски авион кој наводно носел проектили за противвоздушните системи „С-300“, но откако стана јасно дека станува збор за еден од трите транспоретни авиона, овој со вкупно 74 луѓе од кои 65 украински војници транспоретирани на договрена размена на воени заробеници, таквите информации беа повлечени.

Досега од Киев официјално ниту го потврдија, ниту го отфрлија соборувањето на авионот и бараат докази кој бил во него. Од друга страна, Москва понуди споредба на ДНК материјали за утврдување на идентитетот на жртвите.

„Можно е да си претпоставите зошто ги гранатираат градовите. Тоа е со неколку цели: да се сврти вниманието на сопственото население и на спонзорите од неуспесите на таканаречената протовофанзива, да покажат дека можат да сторат нешто, да нѐ испровоцираат на одмазнички идентнични реации со удари врз цивили и цивилни цели на територијата на самата Украина. Ние користиме високопрецизно оружје за гаѓање на инфраструктурата, на војската, во прв ред, и воената индустрија. Тие сакаат да нѐ испровоцираат на одмазнички акции, веројатно, така јас мислам“, рече Путин во продолжување.

Притоа Путин дозволи дека Киев можеби го соборил авионот случајно, но истана дека тоа и натаму претставува кривично дело – поради невнимание.

Во врска со овој инцидент, рускиот Истражен комитет отвори кривично дели за тероризам, повтори Путин појаснувајќи дека истражителите „имаат одредени причини за тоа“.

Зборувајќи за размена на воените заробеници, Путин рече дека Москва нема да ги запира, бидејќи „треба да си ги земеме нашите момчиња“.

„Ние имаме однос кон луѓето кои се во Русија (украинските заробеници), нашите момчиња и се во Украина… еден за десет, па и повеќе“, рече Путин зборувајќи за соодносот при размената на заробените војници меѓу двете страни и додаде дека Украина постојано дава сигнали дека е подготвена за размена.