На само шест недели пред започнувањето на зимската олимпијада најпознатиот руски терорист се закани со напади во Сочи.
Самопрогласениот емир на Кавказ, Доку Умаров, стои зад самоубиствени бомбашки напади во московското метро во пролетта 2010 година, кога загинаа најмалку 40 лица, а беа повредени над 100. Тој е виновен и за нападите на московскиот аеродром „Домодедово”, кога настрадале најмалку 37, а ранети околу 180 лица.
Во февруари 2012 изјави пред медиумите дека своите приврзаници треба да ги прекинат нападите на цивилните цели во Русија и да се концентрираат само на воените и безбедносните цели. Но тој повторно се огласи и најави дека со сите сили ќе ги оневозможи Олимписките игри на брегот на Црно Море, кои се одржуваат во близина на планините на Кавказ.
Американскиот Стејт департмент во 2010 година го стави „емирот од Кавказ“ на листата на глобални терористи, поради можните напади во земјите сојузнички на САД.