Најголем број од превенираните кибернетички напади во 2019 гдоина биле насочени кон ракетно-вселенската и одбранбена индустрија на Русија, изјави во понеделникот Николај Мурашов, заменик директор на Националниот координативен центар за компјутерски инциденти и додаде дека биле затворени 12.000 ресурси кои биле користени за напади протви Русија
„Во прв ред (нападите биле изведени), врз информациските ресурси на оние индустрии кои се најразвиени во Русија. Како прво, тоа се ракетниот и вселенскиот сектор, одбранбената и хемиската индустрија. Токму тука напаѓачите се обидуваат да дојдат до каква и да е можност да добијат класифицирани информации кои претставуваат комерцијална или друга тајна заштитена со закон“, изјавил на прес-конференција Мурашов кого го цитира агенцијата РИА.
Додал дека било запрено функционирањето на околу 12.000 странски ресурси кои биле користени за кибернетички напади против Русија.
„Во 2019 година успеавме да запреме да се користат повеќе од 12.000 странски информатички ресурси за напади. Во Руската Федерација, по барање на странските партнери беше запрено функционирањето на повеќе од 7.000 вакви ресурси“, изјавил Мурашов.
Истакнал дека со цел да се намали нивото на ваквите закани, неговата служба активно соработува со странски центри за реагирање на компјутерски инциденти, како и дека таквата активност дава практични резултати.
Според Мурашов, главните центри за дистрибуција на малициозните софтвери и управувањето со ткн бот-мрежи се наоѓаат надвор од територијата на Русија. Тоа било потврдено и со резултатите од анализата спроведена од големи странски компании во сферата на информатичката безбедност.
Националниот координативен центар за компјутерски инциденти е формиран во септември минатата 2018 година по налог на директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) по указот на рускиот претседател за создавање Државен систем за откривање, спречување и елиминирање на последиците од комјутерски напади врз руските информатички ресурси.