Рускиот министер за одбрана Шојгу го обвини НАТО за противруска кампања

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го обвини НАТО дека во текот на 2019 година сериозно ја засилил извидувачката мисија на руските граници.

На средбата со рускиот претседател Владимир Путин тој кажа дека воздушното извидување е зголемено за една третина во однос на 2018 година. Копнените и поморските извидувачки мисии на НАТО се зголемени за 40, односно за 24 отсто во однос на лани, додаде тој.

-Секоја година НАТО спроведува 40 вежби со очигледни противруски намери, рече Шојгу, пренесен од Хина.

Путин на средбата изјавил дека Русија продолжува да го развива своето хиперсонично интерконтинетално оружје, што може да лета со брзина неколку пати поголема од брзината на звукот.