Рускиот налог за исплата ка купонските камати на еврообврзници во странска валута е спроведен

Руското министерство за финансии извести во четвртокот дека неговиот налог за исплата на 117 милиони американски долари од купoнските камати на две еврообврзници е спроведен, додавајќи дека ќе го извести пазарот дали парите се положени на сметката на банката за плаќање американската „Citibank“.

На Русија по воената операција во Украина ѝ е блокиран пристапот до глобалниот систем за плаќање SWIFT, но и блокирани ѝ се во значителен дел I резрвите во странски валути и во злато кои ги депонирала во странство. Тоа во средата ги вознемири финансиските пазари во однос на тоа дали Русија ќе ги плати 117,2 милиони долари купонски камати на две еврообврзници.

Руското министерство за финансии на почетокот од седмицава предупреди дека можеби ќе биде присилено да ги исплати купонските камати во рубљи, што би го активирало барањето за исплата на целата главница. Во средата, поради тоа, финансиските пазари нестрпливо ја очекуваа информацијата за плаќањето, иако Русија доколку не ја подмиреше обврската имаше уште 30 дена почек, одноносно до средината на април.

Руското министерство за финансии ги примири малку пазарите со објавата дека е спроведен неговиот налог за исплата на 117,2 милиони долари купонски камати на двете еврообврзници. Додадоа дека пазарите дополнително ќе бидат известени дали парите се положени на сметката на банката на плаќање. Во лондонската филијала на „Citibank“ веднаш не одговорилите на прашањето на Reuters да ја коментираат оваа објава.

Сопственик на руските обврзници со седиште во Европа рекол за Reuters дека некои сопственици на руските државни обврзници на коишто купонската камата требало да им биде уплатена, сѐ уште не ги добиле парите.

Русија до крајот на месецот мора да плати уште 615 милиони долари купонски камати на државните обврзници, а на почетокот од април ѝ доспева за наплаа и главницата на обврзницата од две милијарди долари.

Руските гасни и нафтени компании „Газпром“ и „Роснефт“ во изминатите десет дена ги измирија своите обврски по обврзниците издадени на меѓународните пазари.