Рускиот патријарх Кирил: Интернетот е предвесник на Антихристот

Интернетот е предвесник на Антихристот, изјави рускиот патријарх Кирил, пренесе агенцијата ТАСС.

Според духовниот лидер на православните Руси, развојот на технологијата доведува до зависност.

Зависноста, без разлика дали станува збор за алкохол, дрога или интернет ги прави луѓето лесни за манипулација и вршење контрола. А токму контролата врз луѓето е првиот чекор од доаѓањето на Антихристот на власт, додаде патријархот Кирил во својата божикна порака до верниците.

Патријархот нагласи и дека не е противник на напредокот. „Сепак во сѐ треба да бидеме умерени. Пробајте сѐ, но до доброто држете се”, заклучи Кирил, цитирајќи делови од Првото послание на Свети апостол Павле до Солуњаните.