![navalni 03](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/navalni-03.jpeg?resize=696%2C486&ssl=1)
Руското државно биро задолжено за следење на активностите на интернет „Роскомнадзор“ ја блокираше веб-страницата navalny.com, на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кој од јануари се наоѓа во затвор, како и 48 други сајтови на лица и организации поврзани со него, објавија во понеделникот соработниците на блогорет кој западот го дожувува како политички дисидент и критичар на рускиот претседател Владимир Путин.
Рускиот суд во јуни го одобри барањето на обвинителите организациите поврзани со Навални да бидат прогласени за екстремистички, по што беа забранети, јавија британските медиуми.
Блискиот сојузник на Навални, Леонид Волков, на социјалната мрежа Телеграм напиша дека тимот наскоро ќе објасни како планира да ја заобиколи блокадата.
Навални во февруари беше осуден на затворска казна во траење од две и пол години и веднаш испратен на издржување на казната, за кршење на условната казна. сд/
Рускиот суд во јуни го одобри барањето на обвинителите, организациите поврзани со Навални да бидат прогласени за екстремистички, по што експресно беа и забранети, јавија британските медиуми.
Блискиот сојузник на Навални, Леонид Волков, на социјалната мрежа Телеграм напиша дека тимот наскоро ќе објасни како планира да ја заобиколи наметнатите блокади.
Навални во февруари беше осуден на затворска казна во траење од две ипол години и веднаш испратен на издржување на казната. Навални беше упатен во казнена установа за кршење на правилата за условната казна, односно нередовно јавување во судот откако се врати во Русија по рехабилитацијата од наводното труење со нервен агенс од Германија.