Руските медиуми јавуваат дека украинските војници го положуваат оружјето и бараат хуманитарни коридори

Украинските војски на истокот од земјата бележат загуби по настапувањето на руските сили и бараа отворање хуманитарни коридори за извлекување од областа, изјави во четвртокот портапролот на силите на самопрогласената Народна република во Донецк, Едуард Басурин.

„Противникот трпи загуби… Тие веќе ни се обратија да им направиме хуманитарен коридор. Подготвени се да го положат оружјето, да преминат на наша страна и да преживеат“, изјави Басурин за руската јавна телевизија Россия 24.

Додеде дека властите во Донекц ќе обезбедат коридор за единиците на украинските вооружени сили кои се опколени доколку доброволно го предадат оружјето.

Главнито штаб на операцијата на Здружените сили на Украина во источната област Донбас практично е уништен, тврдеше во истото јавување од Донецк, челникот на тамошните проруски бунтовнички сили, Денис Пушилин.

„По должина на целата линија на раздвојвуањето, може да се каже дека повеќе нема удари врз територијата на Донецката народна република, непријателските огнени точки практично се потисната. Штабот на украинските сили е речиси уништен, ослободителното движење е во полн замав“, рече Пушилин.

Единиците и војниците на вооружените сили на Украина масовно ги напуштаат своите позиции, оставајќи го оружје, соопшти руското министерство за одбрана, повикувајќи се на разузнавачки податоци.

Во кусата објава се наведува дека ниеден цивилен објект на територијата не е цел руските сили, освен воената инфраструктура, како и дека нема никакви закани за цивилното население во Украина.

Претходно рано во мугрите во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање до нацијата најави специјална воена операција во Добас. Истакна дека плановите на Москва не вкличуваат окупација на Украина, туку само нејзина демилитаризација и денацификација.