Руските навивачи потрошиле намногу пари на Мундијалот

Руските и американските навивачи потрошиле најмногу пари за време на Мундијалот во Русија, покажала анализата на глобалната компанија за кредитни картички Visa, која е служен партнер на ФИФА за платен промет со плаќање со Visa картички на натпреварите на СП во Русија, до пред последните два натпревари.

Во ова истражување станува збор за потрошувачката на самите стадиони, која вклучува купување на пијалоци и храна и т.н. Фан фест стоки. Најмногу картичките на Visa ги користеле Русите (12 милиони долари) по што следат Американците три милиони и Мексиканците, кои „испеглале“ трансакција од 1,5 милион долари. Просечната трансакција со картичка Visa на стадионите била 23 долари.

Интересно е што не само гостите од САД масовно го посетија Мундијалот и трошеле пари на руските стадиони, иако националниот тим на САД не се квалификуваше за првенството. Меѓу десетте репрезентации чии граѓани најмногу потрошиле за време на СП на стадионите се Кинезите 1,1 милион долари, чиј национален тим исто така не играше во Русија.

Од европските земји чии репрезентации учествуваа во СП, меѓу десетте најголеми потрошувачи според анализата се само Англичаните. Јужна Америка е претставена со четири земји меѓу првите десет- Бразил, Аргентина, Колумбија и Перу. Листата ја затвора Австралија, чии навивачи потрошиле 400.000 долари.