Високиот руски безбедносен функционер Дмитриј Медведев во петокот порача дека Русија не блефира кога зборува за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје против Украина но и против членки на НАТО и предупреди дека конфликтот на Москва со Западот може да ескалира во сеопфатна војна.
Медведев, поранешен претседател и премиер а сега заменик на претседателот на рускиот Совет за безбедност, рече дека конфликтот на Москва со Западот се развива според најлошото можно сценарио и дека „денес никој не може да ја исклучи транзицијата на конфликтот во последната фаза“.
„Русија смета дека целото оружје со долг дострел што го користи Украина е веќе под директен надзор на војници од земјите на НАТО. Ова не е воена помош, ова е учество во војната против нас. А, таквите акции би можеле да станат casus belli“ (чин што предизвикува војна – причина за војна), рече Медведев.
Медведев, кој на Западот го доживуваат како еден од најтврдокорните јастреби на Кремљ, ги даде коментарите откако четворица американски официјални лица изјавија за Reuters а од Стејт департметот потврдиле за РИА во четвртокот дека американскиот претседател Џо Бајден потајно му дал дозвола на Киев да лансира оружје доставено од САД врз цели во Русија, кои ги изведуваат нападит врз украинските сили во регионот на североисточниот украински град Харков, вториот по големина украински град содоминантно руско и рускојазично население.
Медведев, чии забелешки според дипломатите даваат показател за размислувањето на високи функционери на Кремљ, рече дека би било „фатална грешка“ за Западот да мисли дека Русија не е подготвена да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина.
Медведев зборува и за потенцијалот да се погодат неименуваните непријателски земји со стратешко нуклеарно оружје.
„За жал, ова не е ниту заплашување, ниту блефирање“, посочи Медведев.
„Сегашниот воен конфликт со Западот се развива според најлошото можно сценарио. Постои постојана ескалација кога станува збор за огнената моќ на оружјето на НАТО што се користи. Затоа, никој не може да ја исклучи транзицијата на конфликтот во последната фаза“, додаде Медведев.
Рускиот политичар во објавата на Telegram посочува дека има нешта коишто западните земји треба јасно да ги разберат давајќи дозвола нивните оружја со долг дострел да се користат за напади врз цели во Русија.
„Прво. Целата нивна воена опрема и стручњаци кои се борат против нас ќе бидат уништени и на територијата на поранешна Украина и на територијата на други земји доколку од нив се вршат напади на руска територија.
Второ. Русија поаѓа од фактот дека целото оружје со долг дострел кое се користи во Украина е веќе директно управувано од воен персонал од земјите од НАТО. Тоа воопшто не е ‘воена помош’, туку учество во војната против нас. И таквите нивни постапки може да бидат casus belli.
Трето. НАТО ќе треба да одлучи како да ги квалификува последиците од можните одмазднички напади врз опремата/објектите, воениот персонал на одделни земји членки во контекстот на членовите 4 и 5 од Вашингтонскиот договор“ за НАТО според кои напад врз една земја членка се смета за напад врз целиот блок кој е должен да ѝ пружи помош, објави Медведев на својот канал на платформата Telegram.
Истакнува дека во таа смисла челниците на НАТО сакаат да дадат привид дека станува збор за суверени одлуки на одделни земји членки за поддршка на Киев и дека нема поради тоа нема причина да се применуваат споменатите членови од Договорот за НАТО од 1949 година за колективната самоодбрана.
„Тоа се опасни и штетни заблуди. Таквата ‘индивидуална помош’ од земјите членки на НАТО против Русија, било да е тоа управување со нивните крстосувачки ракети или испраќање контингенти војници во Украина, е сериозна ескалација на конфликтот. Поранешната Украина и нејзините сојузници во НАТО ќе добијат одговор на таквата разурнувачка сила, што самата Алијанса едноставно нема да може да одолее да биде вовлечена во конфликтот“, предупредува челникот на владејачката партија Единствена Русија.
Медведев вели и дека без разлика на тоа колку и да пензионираните функционери на НАТО дека Русија никогаш нема да користи нестратешко нуклеарно оружје против Украина и особено против поединечни земји од НАТО „животот е многу посуров отколку нивното лекомислено расудување“.
„Уште пред неколку години тие тврдеа дека Русија нема да влезе во отворен воен судир со бандеровскиот режим (Киев) за да не се конфронтира со Западот. Згрешиле во пресметките. Се води војна. Со примената на тактичко нуклеарно оружје, исто така, може да имаат погрешни проценки. Иако тоа би било фатална грешка“, истакнува Медведев.
Како неодамна и рускиот претседател Владимир Путин, и неговиот заменик во рускиот Совет за безбедност, потсетува дека европските земји имаат многу висока густина на население, а дека за земјите кои се подалеку од зоната што може да ја достигне тактичкото нуклеарни оружје „во крајна линија, постои стратешки потенцијал“.
„И ова, за жал, не е заплашување или нуклеарен блеф. Сегашниот воен конфликт со Западот се развива според најлошото сценарио. Се случува постојан ескалација на моќта на употребеното оружје на НАТО. И, затоа, денес никој не може да го исклучи претворањето на конфликтот во неговата последна фаза“, заклучува Медведев во написот на Telegram.