Руските пранкери ја измамија и британската министерка за внатрешни работи

Руските пранкери повтроно објавија видео во кое претставувајќи се како украинскиот премиер Денис Шмигал зборуваат со британската министерка за внатрешни работи Прити Пател.

Во видео повикот за кој се вели дека се случил на 15 март, јавувачот кој го имитираше Шмигал и’ кажува на Пател: „Се надевам дека семејствата нема да се плашат од нашите националисти, како што Путин се обиде да ги натера да се плашат“.

Пател одговора „вчера ја започнавме шемата за спонзорство, само луѓето да го изразат својот интерес за сместување на украински државјани“.

„Не, мислам на луѓето кои се националисти, како што Путин се обиде да го плаши целиот свет“, појасни шегобиецот. „Има многу бандеровци, неонацисти, се надевам дека граѓаните на Британија не се плашат од нив“.

„Јасно е дека не се плашат“, одговори Пател. „Поддршката е многу значајна овде, навистина е“.

Разговорот се одржал еден ден откако британската влада ја започна шемата „Домови за Украина“, во која британските граѓани беа замолени „да ги отворат своите домови за оние кои бегаат од војната во Украина“. Украинците со понуда за сместување од Британија  може да добијат визи за живот и работа во државата до три години.

Целиот разговор на англиски јазик е во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=tQ3LEFYJtdI

Вован и Лексус (Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров) се добро познати по нивните шеги, а нивните минати цели беа познати личности како Елтон Џон и принцот Хари и светски лидери како канадскиот премиер Џастин Трудо, поранешниот македонски премиер Зоран Заев.

Во видео објавено во вторникот, двајцата пранкери разговарале и со британскиот министер за одбрана Бен Валас. Повторно претставувајќи се како Шмигал, еден од двајцата се обиде да разговара со Валас да и помогне на Украина да развие нуклеарно оружје.