Руските сили го држат под контрола Северодоњецк

Деведесет отсто од Луганск е под контрола на руската армија, изјави гувернерот на таа област во источна Украина.

Гувернерот на Луганск, Серхи Гајдаи, вели дека руските сили го држат под своја контрола стратешкиот град во Луганската област Северодоњецк, додека индустриската зона сѐ уште е во рацете на украинската армија, како и соседниот Лисичанск.

Додека борбите продолжуваат во источна Украина, претседателот Зеленски предупредува дека земјата се соочува со најтешката зима од стекнувањето независност. Нема да продава гас и јаглен во странство, а целото домашно производство ќе биде насочено кон задоволување на потребите на граѓаните на Украина.