Руските сили продолжуваат со обидите за опколување на Авдиевка

Нема индикации дека Русите ќе се откажат од своите планови да ја опколат Авдиевка“, посочи Коцукон.

Украински воени претставници изјавија дека руските сили продолжуваат со обидите да го опколат градот Авдиевка.

Портпаролот на украинската 110. оклопна бригада Антон Коцукон изјави дека на трите страни од градот се концентрирани околу 40.000 руски војници.

-Нема индикации дека Русите ќе се откажат од своите планови да ја опколат Авдиевка“, посочи Коцукон.

Според него, руската армија си игра „мачка и глушец“ со нив, со тоа што користи голем број беспилотни летала додека истовремено распоредува артилериски сили за зајакнување на одбраната на градот.

Генералот Олександр Тарнавскиј, командант на јужните сили на Украина, истакна дека нивните војници околу Авдиевка „цврсто држат одбранбени позиции“.