Руските сили спречиле терористички напад врз хотел со бегалци во украински Херсон

Руските безбедносни сили спречиле терористички напад во чијашто организација бил вклучен 3-от Специјален полк на силите за специјални операции на украинската војска во Херсон, кој бил планиран за масовна егзекуција на бегалци евакуирани од териториите под контрола на силите на Киев, пренесуваат во четвртокот ноќта руските медиуми брифирани од воено-цивилната администрација на Херсонскиот регион кој е под контрола на проруските сепаратисти и руските единици.

Заробениот Олександр Тимко, украински наредник во водот А1979 при 55-та посебна артилериска бригада, пред новинарите рекол дека наредбата за терористичкиот напад ја добил потполковникот Олександр Колесов. Во меѓувреме руските разузнавачи ја откриле и превеле тајната група која требала да го изврши нападот, во која биле вклучени седум од тринаесетте војници хиерарсиски подредени на Тимко.

Како што подоцна се покажало од изјавите на приведените, се чини дека станувало збор за обид да се инсценира уште еден наводен масакр на цивили, како во Буча крај Киев, оценува агенцијата ТАСС.

„Добив наредба поврзана со фактот дека руските воени лица живеат во хотелот ‘Дилижанс’ и дека треба да пристапам на нивна ликвидација. Требаше да се предизвика метеж, со жртви, експлозии итн. Решив да изведам извидување, набљудувајќи ја областа, следејќи го движењето по улицата, на луѓето и воопшто што се случува во хотелот“, рекол Тимко.

Според него, успеал да ги дознае имињата на сите сместени во хотелот, и како што се покажало таму не биле сместени руски војници, туку главно цивилни бегалци, граѓани на Украина коишто се извлекле од Николаев, Криви Рог и други градови под контрола на украинските сили.

„Му се јавив на потполковникот, пријавив дека луѓето за коишто тој зборуваше не се тука. Тој рече дека специјалците подобро знаат кој каде е сместен, дека сме добиле задача и мораме да ја извршиме. Одбива да ја извршам“, истакнал Тимко.

Тврдел дека откако ја одбил наредбата започнале закани со казнување според военото законодавство и обвинување за предавство на татковината.

„Тој потоа исчезна. Откако работевме за него речиси месец ипол, беше добиена задачата за ‘Дилижанс’. И мојата врска со него беше прекината“, рекол Тимко.

„Морав да ги користам само моите луѓе, бевме само седуммина слабо вооружени… Задачата беше да се изврши терористички напад со жртви и според инструкциите на потполковникот морав да ја извршам задачата под секакви околности. Сфатив дека сакаат да ме наместа“, оценил Тимко.

Заробениот украински офицер изјавил дека пред да биде уапсен се криел во Херсон со група некакви војници и се обидел да воспостави контакт со украинската команда.

„Во одреден момент дојде наредба да се сретнеме со одредена личност и беше наредно да се следат неговите упатства. Кога се сретнавме тој рече дека е одговорен за Херсон од кировградските специјална служба. Побара список на војниците и рече дека сум под неговата команда и оти наскоро ќе добијам борбена задача“, изјавил украинскиот офицер.

Тимко раскажува дека подоцна неговите подредени добиле наредба да се притаат и да се измешаат со цивилното население и работеле во локална сервисна станица. А откако била издадена задачата за хотелот а потполковникот Колесов исчезнал.

Локалната жителка во Херсон, Дарија Шулц потврдила дека била вмешана во шемата на потполковникот Колесов.

„По почетокот на војната, мојот пријател потполковникот Колесов ме контактираше и ме замоли да помогнам. Ме замоли да испратам СМС порака во која пишуваше дека во хотелот има воени лица облечени во ‘цивилно’. Оваа порака требаше да му испратам на Николаевич (Тимко)…. Всушност, испаднав дека сум им врска“, рекла жената.

Признала дека во придружен објект на нејзината куќа било сокриено оружје.

„Кон крајот на мак ми рече дека треба да оди на некоја специјална мисија кај Николаев и ми го даде неговиот автомат и муниција да ги чувам. Ми даде и граната, рече во случај Русите да влезат да ја употребам за самоубиство“, рекла Шулц.

Според сопругата на потполковникот Олександар Колесов – Татјана, украинската војска му се заканувала со затворска казна, бидејќи во 2015-та бил кривично обвинет за проневера кога бил на должноста полициски началник.

„Кон крајот на февруари, неговите наредбодавци дојдоа и го потсетија дека имаа компромитирачки доказ против него… и му понудија соработка. … Саша немаше избор, се согласи да соработува“, рекла Колесова.

На новинарите им го покажала авто-сервисот во кој живеела со сопругот и каде биле притаени украинските војници. Колесова рекла дека наредбодавците на нејзиниот сопруга дека „ќе снимаат уште еден фејк во стилот на инсценацијата во Буча“.

„Во текот на последниот разговор, тие се заканија дека ќе објават приказна дека во Херсон не е добро и оти приказната ќе го обиколи светот. За тоа дека Херсон е втората Буча, дека тука се убиваат, се силуваат луѓе, дека на жителите не им се дозволува да зборуваат, па дури и на руски“, рекла Колесова.

Според неа, Колесов сепак пријавувал дека во Херсон ситуацијата е мирна.

„Тука никого не убиваат, се отвораат продавници, се довезуваат стоки, се отвораат аптеки, се обидуваат да ја усогласат исплатата на пензиите, го воспоставуваат банкарскиот систем… дека животот се враќа, луѓето живеат со вообичаениот ритам. Но наредбодавците многу му беа лути за тоа“, рекла Колесова.