Руските сили спречиле украински обид за заземање нафтена платформа во Црното Море

Во текот на изминатата ноќ руските единици спречиле обид на украинските десантни сили да ја заземат платформата за дупчење нафта „Крим-2“ во водите на Црното Море, соопшти во средата руското Министерство за одбрана

„Со цел да ја заземе руската платформа за дупчење, главниот разузнавачки оддел на украинското Министерство за одбрана испрати амфибиски јуришни сили од 14 амрикански чамци Willard Sea Force со војници на силите за специјални операции на украинската морнарица“, се вели во соопштението на Министерството. .

Во судирот руската војска и силите на Црноморската флота, кои ја заштитуваат платформата, како што се тврди во соопштението на Москква, потопиле осум морнарички чамци и исфрлиле од строј до 80 украински војници. Другите шест чамци се вратиле, а нивните екипажи ниту се обиделе да ги земе ранетите колеги кои останале во водата, тврди руското Министерство за одбрана.

Министерството за одбрана посочува дека обидот за заземање на инсталацијата „Крим-2“ е замислен од Украина како „медиумска операција“ темпирана да се совпадне во средаа со пристигнувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и неколку високи функционери на западноевропски земји во Киев. Од Москва истакнуваат дека украинската операција „била неуспешна“ и „попречена во крв“, одземајќи ги животите на десетици украински војници.

Претходно, минатата среда, руското Министерство за одбрана објави дека руски борбени хеликоптери на поморската авијација уништиле четири беспилотни чамци на украинските вооружени сили во Црното Море. Истиот ден, руското Министерство за одбрана покажа снимка од уништување на украински чамци без екипаж во северозападниот дел на Црното Море. Поморските беспилотни пловила биле погодени и предизвикале нивна експлозија. Остатоците одлетале нагоре, а потоа паднале во водата.

Одлуката е донесена поради влошувањето на ситуацијата во регионот поради украинското гранатирање.