Руските сили убија лидер на исламистичка група на Кавказ

Лидерот на исламистичка група, Алиашаб Кебеков е убиен за време на специјална операција во Дагестан, соопшти рускиот национален комитет за борба против тероризмот.

Припадниците на групата „Кавкаски емирати“ објавија на интернет дека Кебеков е убиен, нагласувајќи дека „нивниот почитуван брат станал маченик“.

Четириесет и три годишниот Кебеков ја предводи оваа група од минатата година, по смртта на чеченскиот лидер Доку Умаров.

Тој се наоѓа на руската листа на терористи и екстремисти, а САД го прогласија за „глобален терорист“, бидејќи изразувал подготвеност да ги извршува наредбите на Ал Каеда.

Русија тврди дека Кебеков бил директно вмешан во организирањето на самоубиствениот бомбашки напад во Волгоград во 2013 година, во кој загинаа 34 лица.