Руските ракетни војски на територијата на Укриана уништиле протввиздушен ракетен систем од типот С-300 и лансери на повеќецевни ракетни систем, изјави на брифинг во четвртокот портпаролот на руското министерство за одбрама, генерал-мајорот Игор Конашенков,
„Ракетните војски и артилериските единици погодија 405 локации на концентрација на жива сили и воена опрема, 12 командни пунктови и 26 артилериски единици на борбени позиции. Во реонот на Коротичл во Харковската областа е уништен е противвоздушен ракетен систем С-300, Иссто така, во областите на населбите Раздолие во Харковската област и Славјанск и на окупираната територија од Доњецка Народна Република, беа уништени три лансирни повеќекратни лансирани ракетни системи ‘Смерч’ и две складишта за муниција на вооружени сили на Украина“, изјави Конашенков.
Покрај тоа, руската воена авијација уништила радарска станица за наведвување на ракетниот систем С-300 во регионот на црноморскиот пристанишен град Одеса, складиште за ракетно и артилериско оружје во регионот на Харков, а исто така погоди и 120 локации на концентрација на украински војници и воена опрема.
„Во последното деноноќие, со високопрецизни ракети истрелани од воздух, руските воздухопловни сили погодија четири командни пунктови, 34 локации на концентрација на жива сила и воена опрема, како и две складиште за муниција“, додаде Конашенков.
Според него, загинале повеќе од 320 припадници на паравоените формации на екстремните националистички украински движења, а оштетени се и 72 единици воена техника. Во истиот период, руските системи за противвзодушна одбрана собориле 13 украински беспилотни летала во воздух, вклучително и едно од турско производство, а биле пресретнати и 14 ракети.