![lisicansk](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/lisicansk.jpg?resize=640%2C440&ssl=1)
Руското министерство за одбрана објави со саботата дека во изминатото деноноќие дека руските сили во Украина погодиле бројни воени цели во воздушни напади, уништувајќи две складиште на оружје близу јужниот град Николаев, а истовремено проруските сепаратисти објавија дека заедно со руските единици се пробиле до центарот на Лисичанск, последниот град по контрола на украинската војска во источната одметната проруска област Луганск.
Портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков изјави дека на украинскиот исток било погодено складиште за оружје и муниција коешто порано бил хангар за трактори во близина на Харков, вториот по големина украински град.
Конашенков прецизираше дека била погодена привремена база за складирање оружје и воена опрема на 10-та ридско-јуришна бригада на украинската војска, на територијата на фабриката за трактори крај Харков, при што биле убиени 30 украински војници и уништени десет оклопни возила.
Москва засега не ги коментираше украинските обвинувања дека руските сили фрлиле фосфорни бомби врз Змискиот остров во Црното Море од каде се повлекоа руските сили пред два дена, но не е под украинска контрола, како и за наводното гранатирање на станбени области со касетни бомби.
Во саботата рано попладнето, чеченскиот водач Рамзан Кадиров, на својот Telegram канал објави дека чеченските специјалци заедно со единиците на проруските сепаратисти во Луганск, применувајќи нова тактика се пробиле во центарот на стратешкиот важен град Лисичанск, последниот во оваа област кој беше под контрола на силите лојални на Киев.
Но, украинската страна негира дека проруските и руските сили продреле во градот.
„Борбите се водат околу Лисичанск. За среќа, градот не е опколен и е под контрола на украинската војска“, тврди во објава Руслан Музичок, портпаролот на Националната гарда на Украина.
Претходно претставникот на сепаратистите во Луганск, Андреј Марочко, изјави дека „Народната милиција на Луганск и единиците на руската војска ги заземаа последните стратешки висови и можеме да потврдиме дека Лисичанск е целосно опколен“.
Виталиј Кисилјев, исто така, претставник на сепаратистите, прецизирал дека сега се водат борби близу стадионот во самиот центар на градот во кој се останати околу 10.000 жители, а пред војната имал повеќе од 100.000.
Претходно во петокот беше објавено дека повеќе од две илјади припадници на силите на територијалната одбрана на Вооружените сили на Украина се опколени и Лисичанск, кои всушност се испратени да заштитуваат единица на странски платеници.
Лисичанск е последниот голем град во регионот Луганск кој Украинците, како што тврдат, го држат под контрола. Минатата седмица падна соседниот град Северодоњецк, од каде преостанатите украински единици мораа да се повлечат за да избегнат целосно опколување.
Доколку падне Лисичанск, тоа ќе значи дека сепаратистите и руските единици ќе ја контролираат целата административна територија на регионот Луганск пред превратот во Киев во 2014 година и почетокот на украинската граѓанска војна кога проруските Луганск и Доњецк самопрогласија ткн Народни републики.
Заземањето на Лисичанск на проруските и руските сили ќе им овозможи напредување кон Славјанск и Краматорск, двата преостанати поголеми градови во индустриската област Донбас кои се под контрола на украинските сили. Покрај тоа, конфигурацијата на теренот околу Лисичанск им овозможува на руските сили погодни позиции за напади врз цели кон централните региони на Украина.
Според руското министерство за одбрана, трите украински баталјони кои учествуваат во борбите кај Лисичанск загубиле повеќе од половината од својот личен состав само во еден ден.
„Непријателот претрпува значителни загуби на сите правци. Кај населбите Вергјнекаменка и Золотаревка, трите баталјони на 10-от планинска јуришна 72-та механизирана бригада загубија повеќе од 50 отсто од својот состав само во еден ден од борбите“, соопшти Конашеков.
Прецизираше дека во споменатата област со високопрецизно оружје на руските воздухопловни сили бил погодена позиција на украинската војска, при што загинале 120 украински борци и 15 парчиња воена опрема.