Опасно приближување на беспилотно летало „MQ-9 Reaper“ на коалицијата предводена од САД кон руските борбени авиони е регистирано во Сирија, соопшти во неделата контраадмиралот Олег Гуринов, заменик на началникот на рускиот Центар за помирувањето на завојуваните страни во Сирија.
Американските и руските воздухопловни сили често меѓусебно се обвинуваат за „непрофесионалст“ на пилотите на спротивната страна во воздушниот простор над Сирија, но последните седмици Русија имаше повеќе предупредувања, посочувајќи дека американските воздухоплови во сирискиот воздушен простор влегуваат неовластено. Русија во Сирија воено е присутна на повик на владата на претседателот Башар ал-Асад од септември 2015 година што донесе пресврт на боиштетот во полза на владините сили.
„Особено загрижува евидентиранто опасно приближување на бесполоното летало MQ-9 Reaper ма коалицијата кон авионите на руските ввооружени сили во областа ел-Баб“ изјави Гуринов на брофинг за новинарите.
Идентичнот американско летало руските борбени авиони соборија над Црното Мора во март ггодинава, кога Вашингтон остро протестираше обвинувајќи ги руските пилоти за непрофесионални и опасни маневри, како и во други случаи претходно.
Како што појасни контраадмиралот, руските пилоти забележале активност на системите за наведување на дронот, што го активирало автоматското функционирање на одбранбениот систем на леталата.
„Руските пилоти уште еднаш покажаа професионализам со навремено презаемње на неопходните мерки за да се спречи судири со коалициските бесилотни летала“, истакна Гуринов.
Додаде дека само во последните 24 часа биел регистрирани 10 случаи на нарушување на протоколите за спречување инцидентот во воздушниот простор на Сирија од страна на коалициските сили предводени од САД според договорот од декември 2019 година.
„Во областа ал-Танф, над која минуваат меѓународни цивилно воздушни линии, уште еднаш беа забележани шест нарушувања на воздишниот простор на Сирија од странана три двојки ловци F-16 на коалиција предвоена од САД“, додаде рускиот контраадмирал.
Над оваа област во јули 2020 година беше избегната голема трагедија кога патнички авон на иранската воздухопловна компанија „Mahan Air“ кој летал од Техеран кон Бејрут во последен момент избегна судир со два борбени ловци на западните земји..
Во Сирија се распоредени околу 900 американски војници, повеќето од нив на истокот на земјата кои ги држат најголемите сириски нафтени полиња и нелегално ја експлоатираат нафтата од таму. Според Вашингтон, таму американските војски без никакво одобрување од сириската влада се во мисија во наводна борба против остатоците од Исламската држава за која уште пред повеќе години објавија дека е уништена.
САД тврдат дека илјадници борци на Исламската држава се во наводни притворски објекти на сириска територија, за кои Дамаск тврди дека се всушност кампови за обука на џихадистичките терористи. Вашингтон тврди дека наводно Исламската држава би можела повторно да стане голема закана.
Русија има во Сирија воздухоплвна база во Хмејмим и поморкса во Тартус, која датира уште од советската ера.