Руските сили го забрзаа напредувањето во источна Украина и сега заземаат неколку квадратни километри на ден, изјави во понеделникот претседателот Владимир Путин додека силите на Москва се обидуваат да ја пробијат главната одбранбена линија на Украина.
Руските сили напредуваа бавно но континуирано во источна Украина по громогласно најавуваната но целосно неуспешната контраофанзива на Киев во јуни 2023 година.
И покрај големиот упад на Украина во руската област Курск на 6-ти август, руските единици не се повлекоа од Донбас како што се надеваа во Киев, туку започнаа брзи пробиви низ населбите во источна Украина во последните седмици на пат кон стратешки важниот град Покровск.
„Одамна немавме вакво темпо во офанзивата во Донбас.Сега не зборуваме за поместување 200 или 300 метри нанапред (…) Руските вооружени сили преземаат контрола на територија од 200 до 300 но не метри туку квадратни километри“, изјави Путин по сребата со учениците во средното училиште бр. 20 во градот Кизил во регионот Тува, околу 4.500 километри источно од Москва.
Проруските воени блогери во понеделникот објавија дека руските сили зпочнале улични борби во градовите во источна Украина. Украина сè уште не ги коментираше извештаите за руското напредување, освен што челниците во Киев ја опишуваат ситуацијата на боиштето како „мн огу сложена“ и „тешка“.
Јуриј Подољака, влијателен проруски воен блогер, роден во Украина, рече дека интензивни борби се водат во Селидово, на околу 20 километри јужно од Покровское, како и во Украинское, околу 14 километри јужно од Селидово.
И прорускиот блогер често цитиран во западните медиуми под псевдонимот Рибар изјави дека во тие градови има борби. Руската државна новинска агенција ТАСС објави дека украинските сили се истиснати од областа Селидово, откако изминатите денови беше известено за преземање на контролата врз десетина села, населб и помали градови.
Притискајќи на југ кон Курахово, руските сили се обидуваат да ги пробијат украинските одбранбени линии откако го зголемија притисокот на патот Покровск-Доњецк и опколуваат дел од територијата, велат руските блогери.
Руските сили ја презедоа контролата врз селото Скучне во источниот регион Доњецк, објави во понеделникот новинската агенција РИА, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Русија води и за многумина несфатливо забавена операција да ги истисне украинските сили од нејзиниот јужен регион Курск, откако упадот на Киев на 6 август беше дизајниран делумно да изврши притисок врз руските генерали да ги префрлат силите од друго место на источниот фронт во Украина.