Руските сили заземале неколку градови, продолжи офанзивата на Мариупол

Руските сили започнаа да спроведуваат во саботата широка офанзива заземаа неколку градови и населени места, соопшти руското министерство за одбрана, додавајќи дека продолжила и офанзивата на Мариупол каде националистичките единици не ја дозволуваат договорената евакуација на цивилите и се распоредени во станбените населби.

Во последните 24 часа, според руското министерство за одбрана, соборени се уште четири украински борбени авиони „Су-27“ во воздушните борби близу Житомир, околу 100 километри западно од украинската престолнина Киев. Според истиот извор, од почетокот на борбената операција во Украина на 24-ти февруари, уништени се 69 украински борбени авиони на земја и 21 во воздух.

Во јужна Украина руската војска ја преземала контролата врз Херсон, Мелитопол, Бердјанск и го блокирала Мариупол, отсекувајќи ги украинските единици од брегот на Азовското Море и поврзувањејќи се со силите во Донбас. На истокот од земјата опколени се Суми и Харков, а Киев е блокоран од западен правец. Како што истакнува руското министерство за одбран, на поголемиот дел од украинската територија се јавува хуманитарна катастрофа поради воените дејствија.

Руската војска ја продолжила во саботата офанзивата врз двата града откако тамошните локални украински власти го одложија евакуирањето на цивилите претходно договорено преку хуманитарните коридори кои ги отворија руските единици, потврди на брифингот во Москва, портпаролот на министерството за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

„Поради колебањето на украинската страна да влије врз националистите или да го продолжи прекинот на огнот, офанзивните операции продолжија од 18 часот по московско време“, рече Конашенков.

Претходно во саботата руските претставници ракоа дека и во Харков и Суми, како и во правците на Волновах и Мариупол нациналистите ја спречиле евакуацијата на цивилното населние на безбедни места. Радикалите им се заканувал на цивилите со физичко насилство, вовеле полициски час и ги минирале излезите од цивилни места, рекле жители кои успеале да излезат од овие градови.

Русија претходно во саботата претпладне најави прекин на огнот и отворање хуманитарно коридори за евакуацијата на цивилите од Мариупол и соседниот град Волноваха, на југот на земјата.

„Ниеден цивил не можеше да го напушти Мариупол ниту Волноваха преку најавените безбедносни премини. Населението на овие градови како заложник го држат националистичките формации како човечки штит“, рече Конашенков.

Рече, исто така, дека националистичките единици на неонацистичките украински движења како Десен сектор го искористиле прекинот на огнот да се претгтрупираат и зајакнат позицииите.

Подоцна вечерта во саботата министерството за одбрана објави и дека руските единици го заземале местото Бородјанка, на 60 километри од Киев.