Руските служби откриле траги од експлозив на уште еден брод со жито

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во четвртокот соопшти дека пронашла траги од експлозив на странски брод на пат од Турција кон Русија, кој претходно влегол во украинско пристаниште.

Во соопштението објавено на својата веб-страница, ФСБ соопшти дека бродото „BMO River“, кој пловел меѓу турското пристаниште Синоп и рускиот град Ростов на Дон, добил наредба да ги напушти руските води.

ФСБ соопшти дека овој брод во два наврата во јуни и јули впловил во украинското пристаниште Рени, во Одеската област. И во овој случај не е соопштенот под чие знаме пловел бродот.

Ова е втора ваков случај оваа седмица со странски брод кој плови кон Русија по оспораки на жито. ФСБ во понеделникот соопшти дека пронашла траги од експлозив на друг брод што патувал од Турција за Ростов на Дон.

Русија минатата седмица се повлече од Црноморскиот договор за жито, кој ѝ овозможуваше на Украина да испорачува храна од нејзините јужни пристаништа и покрај војната, поради непочитувањето на одредбите кои се однесуваат на нејзиниот извоз и порача дека отсега самата ќе врши инспекции на сите бродови кои патуваат во Украина кои потенцијално носат воен товар.