Руското министерство за одбрана во неделата извести за нови напредувања на руските трупи во југоисточниот југоисточен регион Запорожје, од кој третина е под контрола на украинската војска и покрај тоа што ланскиот септември проруските власти на руското мнозинство организираа меѓународно непризнаен референдум со кој оваа област заедно со соседниот Херсон, како и поисточните Луганск и Доњецк се приклучија на територијата на Русија.
„Во правец на Запорожје во текот на офанзивните операции, единиците на Источниот воен округ заземаа нови важно линии и позиции“, објави руското министерство за одбрана чиишто тврдења не може да се проверат од независни извори а украинската војска најчесто ги игнорира или демантира.
Според истиот извор, во борбите во последното деноноќие во Запорошката област загинале 85 украински војници, а биле уништени три хаубици и складиште за муниција на украинските единици во регионот.
Претходно во саботата руските власти на Запорожје поставени од Москва соопштија дека откако претходно седмицава украинските трупи во областа ги прекинале сите офанзивни операции и минале во утврдување на моменталните позиции, последните денови започнало донесување резервни единици.
Според проруските власти во Запорожје, во тек е префрлување на украински единици од регионот на Дњепропетровски (Дњипро) од близината на Кривој Рог, во регионот на Запорожје, поблиску до првата линија на контакт меѓу двете војски. Покрај единици од резервниот состав на украинската армија, според истите извори, во регионот се довлекуваат и тешка артилерија и повеќекратни ракетни системи за лансирање/.
Руските извори објавија дека последните денови руските единици успеале да ја стават под контрола рутата од Каменскоје до Орехов, преку која се одвивало главното снабдување на украинските трупи во Запорожје, а биле уништени и тамошните складишта за муниција. Во тој контекст се известува и дека украинските сили ги минимизирале своите дејствија врз руските позиции, од дваесеттина на само две/три ракетирања дневно.
Состојба на другите боишта
Руското министерство за одбрана во неделата, исто така, известува и за состојбата на другите правци на боиштето коешто се протега по должина на речиси 1.400 километри. Така, се тврди дека Доњецк „продолжува успешната офанзива“ на единиците на Јужниот воен округ и „доброволечките јуришни одреди“, под што се чини се подразбираат чеченските и силите на приватната воена компанија „Вагнер“ која е под западни санкции а која како што е објавено во саботата САД ќе ја прогласат за „транснационална криминална организација“.
Во овие борби, како што тврди Москва, во последните 24 часа, украинската армија загубила повеќе од 80 луѓе, три оклопни борбени возила, една хаубица и складиште за муниција. За загуби во луѓе и опрема на руската страна не се дадени податоци.
Натаму, се наведува дека руската артилерија и авијација ги нападнале единиците на 14-та и 92-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина во областа на Купјанск, на истокот од во областа на Харков, каде е важен железнички јазол. Во овие борби наводно загинале уште 50 украински војници, а уште 80 нивни соборци буле убиени во борбите кај местото Лиман (Красниј Лиман) на северот од Доњецк каде што дејствуваат 92-та механизирана и 95-та и 80-та десантно-јуришна бригада на украинската армија, како и 125-та бригада на територијалната одбрана.
Појужно, во областа Херсон руската оперативно-тактичка авијација, ракетните сили и артилеријата извеле комбинирани напад врз тамошен команден пункт на украинските сили, при што била „уништена жива сила, 74 артилериски единици и воена опрема на 119 локации, како и противартилериски радар од американско производство.
Руската противвоздушна одбрана соборила украински борбен авион „Су-25“ и девет беспилотни летата, како и два проектила од американските ракетни системи со долг дострел HIMARS, се наведува во дневниот брифинг на Министерството за одбрана во Москва.