Руските војски уништиле украински команден центар во Херсон

Руската војска уништила команден центар на украинските вооружени сили и уште неколку воени објекти регион Херсон, тврди во саботата во објава на платформата Telegram организацијата на руското население во овој во југоисточниот украински регион наречена „Руски Херсон“.

„Благодарение на информациите на истомислечкиот воен персонал во украинските вооружени сили, ги добивме координатите на командниот центар во Херсон. Ударот го уништи самиот команден центар и најмалку десет нацистички милитанти“, објави организацијата на руското население кои живеат во областите кои се под контрола на силите на Киев.

Ова тврдење не може да се провери од независни извори, а засега руското Министерство за одбрана не ја коментираше информацијата.

Според истиот извор, руските сили извеле напади и врз координати предадени од припадници на украинските сили во областите на Херсонската област кои се под контрола на украинската армија. Уништени се, како што се тврди, магацин со оружје, седум пунктови за наведување беспилотни летала, команден центар, артилериско оружје и повеќекратен минифрлач на украинските сили.

Во ноември 2022 година руските трупи проценувајќи дека е тешко да се брани поради географската позиција, тактички се повлекоа од регионалниот центар градот Херсон кој го заземаа уште во првите денови на руската инвазија започната на 24-ти февруари 2022 година, и минаа во другиот дел од градот на спротивниот брег од Дњепар каде се утврдија очекувајќи ја долго најавуваната украинска противофанзива која започна во јуни 2023 година, којашто, сепак, на украинските војска не ѝ донесе никакви напредувања на теренот.

Од тогаш во делот од Херсонската област кој е под контрола на Киев дејствува ткн „руска илегала на отпорот“ на локалното руско и рускојазично население, кое според регионалниот гувернер назначен од Москва, Владимир Солдо, се нарекува „Руски Херсон“. Според него, припадниците на илегалата во соработка со истомисленици во Вооружените сили на Украина, ги идентификуваат и ѝ ги доставуваат на руската војска координатите на позициите на украинските единици.

Регионот Херсон се наоѓа во долниот тек на Дњепар, во сливот кон Азовското и Црното Море. Со референдумот на тамошното мнозинско руско и рускојазично население во септември 2022 година регионот стана дел од Руската Федерација. Украина и меѓународната заедница не ја признаваат легитимноста на тој референдум, како на другите во Доњецк и Луганск, како и оној од март 2014 година на црноморскиот полуостров Крим. Во моментов руската војска контролира 75 отсто од територијата на Херсонската област, додека украинските сили се распоредени на десниот брег на Дњепар, вклучително и главниот регионален град Херсон.