Руско МНР: НЦ Запорожје и Чернобил ги чуваме од украинските националисти

Руското МНР ги демантира информациите во украинските медиуми дека руски војници ги користат нуклеарните централи (НЦ) Запорожје и Чернобил како воени бази и дека НЦ Запорожје е префрлена на Росатом и отсега централата ќе биде контролирана од руската корпорација

„Никој нема да користи нуклеарни постројки како воени бази, сега рускиот воен персонал ја контролира ситуацијата во нуклеарните централи Чернобил и Запорожје заедно со украинските стражари и персоналот на централите. Нивната главна задача е да спречат провокации од украинските националисти“.

Ова го соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека добиле гаранција од Росатом дека корпорацијата не планира да воспостави контрола над НЦ Запорожје.

„Извршниот директор на Росатом Алексеј Лихачев потврди дека ограничен број специјалисти на компанијата биле присутни во НЦ Запорожје во југоисточна Украина, но негираше дека има намера да ја стави централата под „системот за управување“ на Росатом“, се вели во извештајот.