
Третиот круг од преговорите со Русија би требало да започнат во понеделникот во 15 часот во Белорусија, објави член на украинската преговарачка делегација, но руската страна сѐ уште не го потврди тоа.
„Трет круг. Почеток во 16 часот по киевско време. Делегацијата е непроменета“, напиша Михаил Подолјак, член на украинската делегација и советник во кабинатот на претседателот Владимир Зеленски, објавувајќи фотографија со хеликоптер во заднинана.
Руската делегација веќе е пристигната во белорускиот град Брест на преговорите со украинската делегација за запирање на конфликтот, објави новинската агенција РИА во понеделникот, повикувајќи се на интернет-страницата Flightradar којашто ги следи летовите.
Како и претходните случаи, не се открива точната локација на планираната средба на двете делегации.
По долгите преговори во четвртокот беше постигнат договор само за создавање хуманитарни коридори за извлекување на цивилите во областите каде што се водат тешки борбни.
Украина тврди дека Русија не го почитува договорот и дека со постојани гранатирања го оневозможува извлекувањето на цивилите. Но Москва објави сведочења на луѓе кои успеале да излезат од опколените градови, кои тврдат дека ултранационалистичките украински паравоени формации кои ги контролираат градовите не му даваат на населението да се евакуира и оти го користат како жив штит.
Русија на преговорите бараше признавање на суверенитетот над црноморскиот полуостров Крим, на проруските самопрогласени републики во Донецк и во Луганск, демилитаризација и денацификација како и воена неутралност на Украија, а Киев бара руските сили целосно да се повлечат од украинска територија.
Во саботата беше објавено дека членот на првата украинска делегација на преговорите со руската страна, Денис Киреев, бил убиен од укранското разузнавање Служба за безбедност на Украина (СБУ). Според украинските извори, Киреев бил осомничен за предавство.
Првата рунда на украинско-руските преговори се одржа 28-ми февруари во белоруската областа Гомел. Руската делегација ја предводеше помошникот на претседателот Владимир Медински, заменикот министер за надворешни работи Андреј Руденко, заменикот министер за одбрана Александар Фомин, шефот на Комитатот за меѓународни прашања на Државната дума, Леонид Слуцки и рускиот амбасадор во Белорусија, Борси Гризлов.
Во украинската делегација, покрај Киреев, учествуваа и министерот за одбрана Олексиј Резников, шефот на пратеничката група на владејачката партија Слуга на надород, Давид Арахамија, земникот министер за надворешни работи Микола Точицки, советникот во претседателскиот кабинет Михаило Подолјак, потпретседателот на Врховната рада, Рустем Умеров, првиот земник-шеф на украинската делегација во Трилатералната контакт група, Андреј Костун. Преговориет тогаш траеја речиси пет часа, по што следеа консултации со водствата на двете земји пред одржувањето на втората средба.