Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски пред судот информираше дека од обвинителката Вилма Рускоска добил известување дека е извештачен мобилниот телефон на Боки.
Претходно одбраната се жалеше дека мобилниот е само делумно извештачен.
Дукоски објасни дека заедно со Боки ќе отидат кај Рускоска да видат што од телефонот е вештачено и доколку тоа е направено во целост ќе го прифатат.
Фото: Република.мк