Ова е срам! Каква порака испраќаме со ваква одлука, реагира Рускоска по судската одлука Јанева да биде во домашен притвор.
Апелацискиот суд не ја прифати гаранцијата што ја понуди Јанева, а ја пушта во домашен притвор. Ова е срам. Каква порака испраќаме со ваква одлука? Да не заборавиме, ова е многу специфичен случај, и е под мониторинг на меѓународната јавност, изјави за „Дојче веле“ шефицата на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.
Обвинителката која секогаш говори смирено и воздржано, за првпат покажа геолема нервоза и револт кон една судска одлука.
„Прашувам зошто не ја прифатија гаранцијата? Јас сум повеќе приврзаник на обезбедена гаранција, отколку на домашен притвор“, вели Рускоска, додавајќи дека „едвај чека да го добие решението, за да види со какво образложение е одреден домашен притвор за Јанева.Нема во ЕУ со вакви судии”, потенцира таа.
Околу информациите за наводно влошената здравствена состојба на Јанева, Рускоска кусо коментира: „Ако имала здравствени проблеми, зошто не си поднела оставка уште додека била на функција?“ Во однос на здравствената состојба на Бојан Јовановски, која неговиот адвокат на прес-конференција ја опиша како многу драматична, Рускоска вели дека „според лекарското мислење што го добиле – неговата здравствена состојба е во ред“.