Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во понеделникот објави дека пронашла траги од екплозиви на брод кој пловел од Турција до руското речно простаниште Ростов на Дон каде требало да биде натоварен со жито.
Според податоците до кои дошле во истрагата руските безбедносни служби, во бродот чие име не е наведено а во чиј складишен простор се откриени трагите од експлозивните средства – динитротулиуол и тетрол, откриени се и знаци за вмешаност на „трета страна“ во структурните делови на товарниот брод.
Утврдено е, исто така, дека бродот кон крајот на мај се наоѓал во украинското пристаниште Килија, и оти според трагите најверојатно е користен за пренесување оружје за украинската војска.
Бродот, според сознанијата на ФСБ, го променил името во турското пристаниште Тузла претходно во јули, и го заменил целиот екипаж во кој претходно имало 12 украински државјани.
„Овие околности би можеле да укажуваат на можноста за користење на странскиот цивилен брод за испорака на експлозиви на територијата на Украина“, соопшти руското ФСБ.
Притоа, се додава дека трагите од експлизивите се откриени при безбедносна проверка на бродовите кои пловат преку Керченскиот теснец кој го поврзува Црното со Азовското Море во Русија. На неименуваниот брод му е забранет преминот, па ги напуштил руските територијални води.
Британската новинска агенција Reuters наведува дека сѐ уште не успеала да ги провери тврдењата на руското ФСБ но наведува дека веста доаѓа една седмица откако Москва се повлече од договорот за безбеден извоз на украинските житарки преку Црното Море поради неисполнувањето на одредбите од договорот кои се инспекции наоднесуваат на рускиот извоз и поради непочитувањето на безбедносните проверки на бродовите кои доаѓале во украинските пристаништа.