Русковска денеска ќе поднесе жалба за суспензијата

Обвинителката Вилма Русковска денеска во 12 часот за суспендирањето од работа ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители, по што ќе даде и изјава за медиумите.

Ова следува откако отвори дисциплинска постапка и ги суспендираше Русковска и обвинителките Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева за случајот со претресот во Управата за финансиска полиција со која раководеше Арафат Муареми. Со обвинителствтото за Организиран криминал привремено управува обвинителката Лиле Стефанова.