1.8 C
Skopje
вторник, декември 24, 2024

Русковска ќе дава отчет пред Советот на јавни обвинители

Шефицата на Одделот за организиран криминал и корупција при Јавното обвинителство Вилма Русковска ќе биде повикана од Советот на јавни обвинители да даде отчет за своето однесување, односно за нејзината завчерашна заканувачка порака испратена до судија од скопска Апелација.

Од Советот на јавни обвинители потврдуваат дека до нив вчера пристигнала преставка од Апелација. Велат дека откако ќе се добие и изјавата од Русковска, нивниот став ќе биде јавно соопштен.

Како што е познато, завчера попладне, откако советот на судии од Апелација составен од судиите Јани Нича, Сафет Кадрии и Зоран Димитриевски од затворски во домашен притвор ја пуштија поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, второобвинета во случајот „Рекет“ некој од нив тројцата добил порака од Русковска.