Русковска ќе бара повисоки казни за осудените за 27 април

Во вчерашната емисија „Клик Плус“ гостуваше Вилма Русковска, шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје која најави поднесување на барање за повисоки казни за затворениците од 27-ми април без притоа уште не прочитана пресудата во писмена форма.

-Јас сметам дека е делумно задоволена правдата, со оглед на законот за амнестија. Не сум ја добила пресудата, не е писмено изготвена. Ќе треба да го прочитам образложението на судијата што ќе го даде во писмено изработената пресуда, посочи Русковска. Русковска најави дека би сакала да го види образложението на судот, но ќе вложела жалба за казната за сите други не само за Абдулфета. Бидејќи право на обвинителството е да вложува жалби, но судот е тој што одлучува по жалбите и за висината на казните. Дали ќе бидат зголемени, дали ќе бидат потврдени и дали ќе бидат и евентуално намалени казните.