Судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.
Околу четири часа траеше распитот на Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески. Се дискутирално исклучиво за мерката притвор.
Обвинителката Вилма Русковска по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за Јанева.
Најголем дел од доказите во текот на шест месеци се прибрале во текот на предистрагата.
Нагласи дека истрагата е се уште отворена и додаде дека постои судир на интереси поради тоа што Павлески е адвокат на Јанева, а тој е и адвокат на Цветан Панделевски осомничен во „Империја“. Додаде дека на нејзино барање треба да се земе обврската Павлески да ги откаже полномоштвата за другите осомничени во други предмети на СЈО.
-Ова за мене беше најтешкото соочување во мојата јавнообвинителска кариера. Не станува збор само за мебел од 5.000 евра, има уште докази во постапката. Има судир на интереси што адвокатот Стеван Павлески е адвокат на обвинети од Јанева. Адвокатот зеде обврска тој и неговата канцеларија да ги откажат тие полномоштва. Во меѓувреме, се собраа многу докази дека Јанева го сторила кривичното дело. Јас не барам притвор бадијала, рече по изрекувањето на мерката притвор обвинителката Вилма Рускоска.
Обвинителката Вилма Рускоска вечерва по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека заедно со јавниот обвинител сметале оти во овој момент било неопходно да и се одреди мерка притвор на Јанева. Истакна дека истрагата продолжува и оти засега нема други осомничени што не значи дека таа не може да се прошири и на други лица.
– Истрагата продолжува и ќе видиме каде ќе не однесе, рече Рускоска, нагласувајќи дека не сака истрагата да премине во реалити шоу. Додаде дека немаат никакви политички притисоци.
На Јанева, како што посочи, ќе и биде дозволено да присуствува на погребот на нејзината мајка која денеска почина во Гевгелија.
На прашањето зошто денеска, а не вчера е приведена Јанева, Рускоска појасни дека поради големата експонираност на случајот во јавноста, сакала да и даде на Јанева можност да го изрази своето видување и додаде дека не ја сослушала како сведок, туку како лице од кое се собираат потребни известувања.
Нагласи дека на почетокот немале доволно докази против Јанева, но оти во меѓувреме се собрани доволно докази за да постои основано сомнение дека го сторила кривичното дело.
– На почетокот имавме само разговори. Се слушаше гласот на колешката и немавме ништо повеќе од тоа. Јас никогаш нема да донесам наредба за истрага, а камоли да барам притвор, без доволно докази. Во меѓувреме се собраа доволно докази за да постои основано сомние дека го сторила кривичното дело, рече Рускоска.
Најголем дел, односно 90 проценти од доказите се обезбедени во текот на предистрагата, додека во текот на истрагата се одземени компјутери и во најголем дел телефони кои потоа биле вештачени. Од нив се обезбедувале доказите.
Рускоска истакна дека дел од компјутерите се бришени и оти според нејзините информации тоа се компјутерите на стручните соработници кои работат во СЈО, но ниту еден компјутер на кој било обвинител не е бришен ниту форматиран. Во врска со телефоните на Јанева, според Рускоска, форматиране само оној што е најден во Гевгелија, а другите не биле.
Смета дека има судир на интереси поради тоа што Павлески е адвокат на Јанева, а истовремено е и адвокат на Цветан Панделевски кој е осомничен во случајот „Империја“ на СЈО.
– На мое инсистирање Павлески и не само тој, туку и целата канцеларија зема обврска да ги откаже полномоштсвата на другите осомничени во другите предмети на СЈО, рече Рускоска.
Во врска со тоа дека премиерот рекол дека пријавил рекет во име на двајца бизнисмени, но истрагата се уште е насочена само кон еден, односно Камчев, Рускоска одговори дека таа засега знае само за еден рекетиран бизнисмен. Нагласи дека премиерот дошол кај неа и пријавил и оти таа е запознаена само со еден бизнисмен и не знае кои се другите. Кај неа, како што рече, повикала неколку бизнисмени, а дел од нив негирале дека дале било какви пари за рекет.
Распитот траеше околу четири часа, а Јанева со полициска придружба беше донесена во Кривичниот суд по што пристигнаа нејзиниот адвокат Стеван Павлески и јавната обвинителка Вилма Рускоска. Јанева беше приведена денеска по барање на Јавното обвинителство.
Таа додаде дека засега нема други осомничени во „Рекет“, но тоа не значи дека таа не може да се прошири на други лица.
Јанева е осомничена за кривично дело злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ за прибавување „имотна корист во значителен износ“, во случајов од 1,5 милиони евра. За ова дело предвидена е затворска казна од најмалку 3 години.