Русковска: Ни се скусува надлежноста на сметка на СЈО

Премиерот Заев негира дека го спасува коалициниот партнер Ахмети од случајот „Попис“ , со тоа што законски се забрануваат бомбите во новите истраги на СЈО, туку дека го почитува пржинскиот договор каде биле договорен рокот од 18 месеци.

Заев смета со новиот закон сите отворени постпаки на СЈО продолжуваат а бомбите остануваат индиции. Тој потврдува дека за сега има само поддршка од владините партнери 68 пратнеици но не и 80 пратнеици. Не коменитарше дали и за што  би отстапил за СЈО на лидерската средба со образложение дека не знае ниту што ќе бара Мицковски.

И без бомбите специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека е задоволна од законот бидејки им се зголемуваат надлежнмостите со висока корупција на сметка на организиран криминал.

Нејзината колешка Вилма Русковска пак е незадоволна  што за разлика од СЈО кое има финансика независност, тие, иако треба да гонат организан криминал и корупција и остануваат зависни од вкупниот буџет на обвинителство кој и до сега беше далеку од доволен. Во телефонски разговор за Телма Русковска сликовито објаснува дека обивнителството кое треба да гони тероризам нема тонери и хартија.

Не само што ни се скратува надлежноста туку за разлика од СЈО, во законот нема предвидено надоместоци за нашите истражители. СЈО самостојно може да бара меѓународна правна помош а ние зависиме од републичкиот обвинител. Во законот за ЈО  има и спротивставени одредби. Од една страна пишува дека СЈО има автономија а од друга страна во членот три од истиот закон пишува дека обвинителството е организирано со хиерархија и субординација, вели Русковска.

Специјалните ќе гонат измами перење пари и злоупотреби сторени од крупни ѕверки, избрани и именувани функционери  Обвинители од организиран криминал за исти дела им остануваат  да го гонат пониските ешалони односно службени и одговорни лица ( во државните и локалните органи и други фирми). Сепак списокот на организран криминал е подолг и во целосна надлежност им остануваат делата како  тероризам, трговија со луге  но и новите надлежности со полициски злоупотреби.

Специјалната обвнителка рече дека има доволно докази и без бомби и сега ќе гони многу поголем криминалм но не исклучи дека некој без бомбите може да се спаси.

Поради отсуство на двајца адвокати се одложи и вториот обид да започне судењето Талир за седиштето на ВМРО ДПМНЕ – предмет кој периодов се наоѓа меѓу два огна. Едниот е начелното правно мислење на Врховен според кое тој влегува во групата на предмети за кои СЈО не е овластен тужител а од друга страна е законот кој влезе во собраниска процедура  според кој останува во рацете на СЈО, но без бомбите како докази.

Дали доказите и сведоците на сјо во комбинација со бомбите биле добитна комбинација за нив или за обивнетите ќе се знае утре кога екс директорот на УБК Мијалков ке ја слушне првата пресуда за Титаник 2 заедно со поранешните членови на ДИК и лидерот на ДПА.

Паралелно Врховниот суд треба да одлучи деновие  за куќниот притвор на Мијалков во случајот Империја откако претходно ги  пуштени и Камчев, Панделевски и Јосифовиќ со обралзожение дека СЈО не е овластен тужител за да бара притвори.  Но Јанева вчера најави ако биде пуштен да се брани од слобода таа може да му побара мерка за друг предмет.