Руте нема да се кандидира за петтиот премиерски мандат

Холандскиот премиер Марк Руте изјави во понеделникот дека нема да се кандидира за петтиот мандат и дека по изборите вво ноември ќе се повлече од политиката.

Руте во петокот поднесе оставка, откако во неговата четирипартитна влада не беше постигнат договор за построга имигрантската политика. Коалициската влада се растури по жестоките преговори меѓу четирите владејачки партии околу политиките кон бегалците и доселениците.

„Последните денови многу се нагаѓаше за тоа што ме поттикна на тоа., Единствениот одговор е Холандија“, рече Руте во говорот во парламентот пред дискусијата за падот на владата.

„Вчера утрото решив дека нема повторно да бидам на располагање за челник на Народната партија за слобода и демократија (VVD). Кога изборите ќе биде формиран новиот кабинет, ќе се повлечам од политиката“, додаде Руте.

Педесет и шестгодишниот Руте е најдолго на премиерската должност во историјата на Холандија, на која стапи во октомври 2010 година. Тој ќе остане на чело на преодната влада додека не биде формирана новата по изборите, пто во Холандија знае да потрае и со месеци.

Руте го презема водството на својата четврта влада во јануари 2022 година, по рекордните 271 ден преговори. Тој последните денови го посеа семето на раздорот со партнерите од партиите на десницата и политичкиот центар, барајќи да бидат усвоени низа мерки околу примањето баратели на азил.