
Поранешниот амбасадор Нано Ружин во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 рече дека не сме на исто ниво со Бугарија зошто не сме членки на ЕУ. Бугарија настапува од позиција на „политика на сила“ и Радев има проблеми со својот бекграунд како поранешен млад човек на комунизмот и ги трпел тие фрустрации од времето кога во Југославија се живеело подемократски и сега има можност за реваншизам.
– И Радев и Петков се од две различно политички локации, а Петков е позначајна личност и реално да се оценува што кажува тој. Не ни се допаѓаат тие шест месеци кои никој не ги прифаќа. Во Франција изборите се во следните шест месеци и според тоа Макрон не сака да си го искомпликува животот да застане во одбрана на проширувањето на ЕУ. Француската политичка сцена е искомпликувана и ние сме тука како знак на прашање. Бугарската страна беше многу агресивна, но и она што го вели Радев, постои недоразбирање дали таа национална изјава е резултат на поранешни остатоци. – вели Ружин.