С-300 во Сирија е голема грешка

САД ја предупредија Русија дека разместувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека оваа одлука треба да се преиспита.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Денис Болтон, рече дека распоредувањето на противракетните системи довело до значителна ескалација на постојните тензии во регионот.

Русија денеска објави дека ќе и го достави на сириската влада анти-ракетниот систем С-300 откако во Сирија беше соборен руски авион, а а за кој Москва ги смета одговорните израелските воздухопловни сили.