Непослушноста претставуваат одраз на принципиелност и интегритет а пораката на премиерот Зоран Заев, промовирање на сервилност кон политичките челници и нивните теснопартиски интереси, што е дијаметрално спротивставено на демократскиот плурализам, а го демонстрира односот на власта покажува последниот однос на власта во однос на повиците за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), стојко Пауновски поради одбивањето во инспекторатот да прифати 35 службеници на државната администрација од кои мнозинството немаат соодветно образование а другите не сакаат теренска работа.
Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците предводено од првиот вицепремиер Артан Груби, во средата на ДПИ, каде што веќе 40 отсто од вработените се Албанци, му додели 35 „рамковни“ од кои само 12 кои имаат соодветно образование, а инсистират да работат само во три општини во западниот дел од Македонија.
По ова, премиерот Зоран Заев изјави во петокот дека очекува Пауновски да биде разрешен. Во саботата на премиерот со најава за разрешување на директорот на ДПИ поради непослушност му се приклучија и во заедничко соопштение на вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, и на вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
Подоцна во петокот вечерта беше објавено дека пазарни инспектори од сите градови во земјата бараат прием кај премиерот Заев во Владата и потпишуваат петиција да не биде разрешен директорот на ДПИ, Стојко Пауновски. Тие не исклучуваат и протести против разрешувањето.
Во саботата на критиките за Заев се придружи и некогашниот прв човек на СКМ-ПДП, Петар Гошев, кој кусо по партискиот преврат и по неговото заминување од лидерската позиција ја презеде Бранко Црвенковски и партијата беше преименувана во СДСМ, во однесувањето кон директорот на Пазарната инспекција гледа „грешка во партијата“, но и „лично во него“. Во изјава за Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) Гошев потенцира дека токму партијата треба да го одбрани, но само „ако е вистинска партија, а не акционерско друштво со еден акционер од 98 отсто“. На Пауновски пак, му забележува дека при смената на министерот Драган Тевдовски, никој, па ниту тој не се обидел да се спротистави на предлогот за негово разрешување и да застане зад него.
„Таа иста партија пред речиси две години не го одбрани министерот за финансии заменувајќи го со срамно решение во споредба со него. Тој министер не беше бранет и од овој функионер што сега е на ред да биде жртва. Најкорисно за општеството е сами меѓу себе да се распаднат како нешто што се нарекува партија. Затоа што оваа трагедија што денес се случува е дело на сите безрбетници што доброволно прифатиле чифлигарство“, вели Гошев за ИРЛ.
Со ставот на Гошев се согласува и поранешнатапра кс-оратеничката Ивана Туфегчиќ. За неа, „пркосот е одраз на принципиелност и интегритет а пораката на премиерот, промовирање на сервилност“.
Во анализата насловена како „Пркосот на Стојко Пауновски пука во поданичкиот менталитет“, консултирани за својот став се низа јавни личности кои ја нагласуваат потребата за аргументирана дебата и почитување на принципите на демократија, наместо интенцијата проблемите да се ставаат под тепих.
За новинарката Катерина Блажевска, „случајот Пауновски“ е обид да се замолчи и разреши само затоа што тој отворено се изјаснил за тема од јавен интерес.
„Тоа не е непочитување на хиерархијата, како што изјави Заев. Напротив, тоа е одраз на почитување на потребите на институцијата што ја раководи Пауновски, токму заради хиерархијата на највисокиот интерес – јавниот. „Пркосот“ на Пауновски е токму повик за аргументирано и за разумно решавање на проблемот. Ако заради таков пркос тој биде ставен „на тапет“ или разрешен, тоа ќе значи враќање на некои минати времиња и практики, кои немаат место во демократскиот плурализам“, вели таа.
Во таа насока за ИРЛ говори и политологот Миша Поповиќ. Според него, обезбедувањето независност во управувањето на институциите е предуслов за создавање стручна и квалитетна раководна служба.
„Затоа, сметам дека барањето на Премиерот Заев да се разреши Стојко Пауновски оди спротивно од потребата да се обезбеди независност на институциите и обесхрабрува квалитетни луѓе да се нафаќаат на вакви одговорни позиции. Секако дека програмата за распоредување на т.н. рамковни вработени е избрано решение на Владата за овој проблем и треба да се следи, но прераспределбата не може да биде унилатерален процес. Напротив, за тоа каде ќе се преместуваат административците морало да бидат консултирани и раководителите на институциите“, вели Поповиќ.
Зад Пауновски застанаа и вработените, во име на дел од нив за ИРЛ зборува раководителката на Инспекциски надзор- одделение Скопје, Мери Проја Продановска. Таа укажува дека се мобилизираат и бараат средба со премиерот Заев, кому сакаат да му укажат дека разрешувањето на нивниот директор би било погрешен чекор.