Германија во неделата се приклучи на повеќето европски земји кои ги запреа воздушните врско со Велика Британија по појавата на новиот позаразен сој на коронавирусот, потврди вечерта владини извор.
Патничките летови претходно во неделата ги соопштија Холандија, Белгија и Италија, поради вирусот кој во Лондон и југоистокот на Англија неконтролирано се шири, како што потврдени британскиот министер за здравство Мет Хенкок.
Одлуката на Германија стапува на сила од полноќ. Забраната би ја можело да ја воведе и целата Европска унија, бидејќи во моментов траат консултациите за заедничкиот одговор, на поморските, железничките и копнени врско со Велика Британија.
За тоа претходно во неделата разговараа францискиот претседател Емануел Макрон, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и челникот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ги повија своите членки во Европа да ја „зајакнат контрилата“ поради новиот сој коронавирус кој циркулира во Велика Британија, соопшти во неделата огранокот за Европа за AFP.
Надвор од Велика Британија, неколку случаи се пријавени во Данска – 9, и по еден во Холандија и во Австралија, наведува СЗО кој им препорачува на челнките да ги „зголемат капацитетите за секвенцирање“ на вирусот и така да дознаат повеќе за опасностите кои ги носи новиот сој, рекла портпаролката.
Како што наведува СЗО, освен „првите знаци дека новиот сој би можел да биде позаразен“, тој би „можел да влијае и на ефикасноста на некои од дијагностичките методи“, повторно според „првичните информации“. Но нема „ниеден доказ за промена на тежината на болеста“, иако се истражува и за тоа.
Повеќе информации СЗО ќе објави штом ќе има „појасна слика за карактеристиките на новиот сој“, рекла портпаролката на СЗО за Европа, одговарајќи на прашање на AFP.
„Ширум Европа, каде што вирусот брзо се шири, земјите мора да ја зајакнат контролата и превенцијата“, истакнува оваа организација на Обединетите нации.
На светско ниво СЗО им препорачува „на сите земји, доколку е можно, да ги зголемат своите капацитети за секвенцирање на вирусот SARS-CoV-2 и да ги разменуваат податоците на меѓународно ниво, во прв ред доколку бида откриени исти проблематични мутации“.