Сѐ повеќе германски компании прогласуваат стечај

Годишниот раст на банкротите на месечна основа е двоцифрен од јуни, во септември изнесуваше 19,5 отсто, објави германската агенција dpa.

Податоците од август, пак, на германскиот завод за статистика покажаа дека во тој месец локалните судови пријавиле 1.556 поднесени барања за стечај, што е за 35,1 отсто повеќе од истиот месец лани.

Во претходните години многу компании беа спасени од банкрот со државната поддршка што ја добиваа поради пандемијата на коронавирус и енергетската криза.

Според експертите, сегашното зголемување на неликвидноста не е критично и станува збор за нормализација, бидејќи сегашните бројки се уште се значително под статистичките показатели од 2015 година.