Бројот на компании во Европската унија што прогласија банкрот во вториот квартал е зголемен за 8,4 отсто во однос на претходниот квартал и сега е највисок во последните осум години, објави денеска Евростат.
Квартален раст на бројот на фирми кои отидоа во стечај е забележан во сите сектори на економијата.
Најголем пораст на бројот на стечајци во однос на првиот квартал е забележан кај услугите за сместување и храна – за 23,9 отсто, транспортот и складирањето за 15,2 отсто, како и во образованието, здравството и социјалните услуги – за 10,1 отсто.
Шест квартали по ред се зголемува бројот на банкроти во ЕУ.
Во вториот квартал од годинава во ЕУ се отворени за 0,6 отсто помалку компании отколку во претходниот квартал.