Големи шумски пожари сѐ уште се активни на териоторијата на Македонија. Утрово договорен е распоредот на делување на воздухопловите.
Врз пожарот на Илинска Планина, Демир Хисар, се дејствува со концетриран напад од пет ер0трактори (1 на ДЗС, 2 германски и 2 шведски). На тешко пристапниот терен на земја гаснат локални пожарникари со подршка на месно население.
Тимот од Унгарија, 46 лица со специјални теренски возила, ќе го гаснат пожарот кај селата Тажево и Брезница, Македонски Брод. Заедно со нив ќе гаснат и 50 припадници на Армијата и 20 локални пожарникари.
Во Општина Пробиштип активен е пожарот кај селата Зелениград и Јамиште и тука се гаси со концетриран напад со осум хеликоптери – еден на МВР, два на армијата, еден од Србија, два унгарски и по еден словенечки и чешки. На тешко пристапниот планински терен гаснат локални пожарникари со подршка на 30 припадници на армијата.
Во атарот на селото Стрисовци на земја пожарот го гаснат 35 припадници на армијата, 10 локални пожарникари како и вработени од Рудник Булмак, ЈКП, ДЗС, доброволци од месното население. Од воздух им помага еден хеликоптер од Чешка.
Кај селата Пласница и Латово гори трева, грмушки и нискостеблести растенија на територијата на општините Пласница и Македонски Брод. Во гаснењето учествуваат локални пожарникари и тим од Национални Шуми.
Кај Негрево, Пехчево, се работи на целосно догаснување на пожарот кој сѐ уште има внатрешно горење но од вчера е под целосна контрола.