И по повеќе од три децении од исчезнувањето на некогашната комунистичка Германка Демократска Република (ГДР – DDR), интересот за увод во документите на тајната полиција Штази сѐ уште е голем, соопшти во средата управата на Сојузниот архив во Берлин.
Во текот на изминатата 2022 година биле поднесени 29.064 барања за увид во сопствените досиеја на тајната полиција Штази, што е само за малку помалку отколку во претходната 2021 година. Од отворањето на архивите на тајната полиција на некогашната Источна Германија кон крајот на 1990 година, поднесени се 7.438.829 барања за увид во сопствените досиеја и досиеја на приватни лица.
Комесарката на германската сојузна влада за помош на жртвите на режимот на комунистичката Источна Германија, односно државната Партија на социјалистичкото единство (SED), Евелин Цупке, укажа на актуелноста на прашањето за соочување со минатото.
„Големиот континуиран интерес за увид во досиејата впечатливо покажува како овој дел од нашата историја се протега и до денешницата“, додава Цупке.
Појаснува дека многу жители на некогашната Источна Германија дури сега, откако одат во пензија, започнуваат да се занимаваат со сопственото минато. Цупке појаснува и дека има сѐ уште многу барања за политичка рехабилитација на лицата кои дошле во судир со комунистичкиот режим.
„За многумина досиејата се доказ за неправедноста на ГДР. Сторителите мелчат, но затао досиејата зборуваат“, заклучува Цупке.