Сѐ уште не е закажана седница за избор на Пенов за министер

Владата го достави до Собранието предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но сѐ уште нема информација кога ќе се одржи пленараната собраниска седница за негов избор.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи седницата за изборот на Пенов, кој е предложен на оваа позиција откако досегашниот министер Горан Милевски од лични причини поднесе оставка.

Во Собранието денеска се одржуваат средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери на која ќе се договараат следните активности.

Засега официјално на веб страната на Парламентот за денеска се закажани две седници на Законодавно правната комисија, додека утре ќе има посета и обраќање на претседателката на Националниот совет на швајцарскиот Федерален парламент, Ирене Келин, како и седница на Комисијата за култура.

Нова собраниска седница Џафери од претходно ја закажа за 17 октомври.