Сѐ уште нема договор за технички премиер, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека за името на техничкиот премиер сè уште не разговарале со раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

– Во однос на името на техничкиот премиер не сме разговарале – рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Фармацевтскиот факултет во Скопје.

За изборниот настап, Ковачевски вели дека СДСМ има веќе одлука на Извршниот комитет и дека ги повикува сите политички партии, без разлика на нивната идеолошка и етничка припадност, да се придружат во широкиот Европски фронт што ќе се залага за Северна Македонија да стане членка на Европската Унија до 2030 година. Тој повтори дека во СДСМ е почната внатрепартиската процедура за избор на кандидат за претседател.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во техничката блада ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.