Изгледи за разговори меѓу Русија и западните земји во однос на ситуацијата околу Украина сѐ уште нема, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Така, изледите за преговорите меѓу Русија и Западот, за жал. во воој момент не се на повидок. Покрај тоа, западните спонзори (на Украина), постојано го туркаат режимот во Киев да ги золемува ставките. И лицемерните повици на западњаците на преговори ги сметаме за тактички трик за уште еднаш да се добие време за одмор на исцпрените украински војници и можност да се прегрупираат и поворно да ги товарат со оружје и муниција. Но тоа е патот на војната а не на мирно решение. Тоа ни е апсолутно јасно“, вели Лаввров во интервјуто за списанието за меѓународна политика Международная жизнь.
Шефот на руската дипломатија во тој контекст истакнува дека во повеќе градови, како во Копенхаген и Џеда, се одржуваа мултилатерални состаноци за запирање на руско-украинската војна, но без претставници на Москва. Според Лавров, тоа се случува „со надеж дека ќе ги убедат земјите во раззвој да ја поддржат ‘мировната формула’“ на украинскиот претседател Володомир Зеленски.
„Истовремено ја обвинуваат Москва за ‘неподготвеност да учествува на преговорит’, а се отфрлаат сите аргументи да се земат предвид виталните интереси на нашата земја. Јасно е дека овој пристап не укажува на намерата на Западот да преговрата за што и да е со Русија“, истакнува Лавров.
Потсетува дека Вашингтон „постојано повторува дека сите преговори за решени треба да се водат исклучиво според условите што ќе ги посстават Украинците“, односно врз основа на „мировната формула“ на Заленски.
Во Москва истовремено, посочува Лавров, таквата позиција ја сметаат „бесмислена и ултимативна“, бидејќи невозможно е да се бара од Русија „да се согласи со кршењето на основите интерси во сферата на безбедноста и продолжување на самоволието (на украинските власти) против Русите и рускојазичното население на новите територии и на областите кои ги контролираат вооружените сили на Украина“.
Шефот на руската дипломатија алудира на југоисточните украински региони со доминантно руско и рускојазично население Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје ланскиот септември, како и црноморскиот полуостров Крим уште во март 2014 година по превратот во Киев, со референдуми изгласаа присоединување на Русија, што меѓународната заедница не го призанва.
На почетокот од август во саудискиот пристанишен град Џеда се одржаа разговори со учество на претставници на повеќе од 30 земји, меѓу кои и Индија и Кина кои како и домаќинот Саудиска Арабија кои не ја осудија руската инвазија во Украина и не се дистанцираат од Москва. Како и на претходниот случен состанок во дански Копехаген повторни не беше поканета Русија. Како што извести службената саудиска новинска агенција SPA, учесниците се договориле да продолжат со размената на мислењата. Москва коментирајќи го состанокот во Џеда порача дека бесмислено е носењето некакви заклочоци за постигнување мирно решени во Украина без Русија.
Можните контури на мировниот план се повик за прекин на огнот на сите фронтови и мировни преговори со посредство на Обединетите нации меѓу Русија и Украина, посочија дипломатите, но не кажаа кои земји освен Саудиска Арабија ја поддржале идејата, јави ДПА.
Планот за мир претставен во Џеда, според западните медиуми, се засновал на зачувување на територијалниот интегритет на Украина и, исто така, повикувал на размена на воени заробеници. Јавна потврда за предлогот немаше, ниту информации кои земји го поддржале таквиот предлог.