Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија поднесе Претсавката и Барање за итно постапување на Народниот правобранител на Република Македонија.
Истече рокот за одговор од Министерството за здравство, како и нејаснотиите зошто сѐ уште нема ни ленти ниту глукомери, согласно новиот договор за набавка на истите за 44.000 лица со дијабетес, а делење на минимална и дискриминаторски на ленти од веќе завршениот тендер под наслов Донација.
Како што соопштуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари претавката денеска ќе биде поднесена електронски, а од понделеник и по писмен пат.
Претходната тендерска набавка беше со важност до 31.12.2022 година, следната требало да биде распишана два месеци однапред, до тоа не дошло од кои причини не сме официјално запознаени, се доцнело до месец април и поради сите тие причини пациентите со дијабетес се оставени без неопходните глукомери и ленти од 01.01.2023 година до денес односно 9 месеци, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија.
Инаку сојузот ги обединува локалните здруженија на лицата со дијагноза ДИЈАБЕТЕС тип1 и тип2 на територијата на Република Северна Македонија.
Претставка за работата на Министерство за здравство на РСМ:
Почитуван г-дин Naser Ziberi ,
Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија ги обединува локалните здруженија на лицата со дијагноза ДИЈАБЕТЕС тип1 и тип2 на територијата на Република Северна Македонија. Граѓаните – пациенти членови во локалните здруженија обединети по основ на дијагноза веќе подолг период се соочуваат со сериозн проблем по здравјето на лицата со дијабетес со немање на глукомери и ленти за контролирање на гликемиските вредности во крвта и системи за континуирано мерење на гликемија за деца и малди до 18 години, кои се неопходни во третманот за успешно менаџирање на дијабетесот и животот со него. Обврската за редовна набавка на глукомерите и лентите, согласно член 16 од Законот за здравствена заштита и Програмата на Владата на РСМ за набавка на инсулини, анти-дијабетна терпаија, системи за континуирано мерење на гликемија, пумпи од 01.02.2023 година, е исклучиво на Министерството за здравство со средства од Буџетот на РСМ, преку тендерски постапки за набавка во две годишни програми.
Претходната тендерска набавка беше со важност до 31.12.2022 година, следната требало да биде распишана два месеци однапред, до тоа не дошло од кои причини не сме официјално запознаени, се доцнело до месец април и поради сите тие причини пациентите со дијабетес се оставени без неопходните глукомери и ленти од 01.01.2023 година до денес односно 9 месеци. Последиците од нерегулирани гликемиски вредности и компликациите кои настануваат како причина од истото како што се кардиоваскуларните заболувања, дијабетична полиневропатија, нефропатија, ретинопатија и други кои не се лекуваат туку само се живее со нив се добро познати на сите. Периодот во кој пациентите се оставени без неопходните за нормален живот глукомери и ленти е долг веќе 9 месеци со што на пациентите им е повредено правото за здравствена заштита загарантирано со Устав на РСМ, Законот за здравствена заштита и Законот за правата и заштина на пациенти, а воедно и им е предизвикана материјална штета бидејќи сите пациенти во изминатиот период лентите ги купуваат во аптеките со сопствени средства.
Согласно Уставот на РСМ ние сме држава во која граѓаните ги уживаат сите основни човекови права и им се гарантира правото на здрав живот. Ние силно веруваме дека државата има полн капацитет да ги заштити правата на граѓаните за здрав живот, да им го врати мирот, достоинството, спокојот и нормалниот живот без ризик, на 44.000 свои државјани и граѓани. Како хумана држава, мора да го одржава високо квалитетот на животот на сите свои граѓани, особено на децата и младите до 18 години заболени со Дијабетес Тип 1. Поради ваквата настаната состојба и постапување по барањата на пациентите, Сојузот на здруженија на дијабетичари на СМ поднесе барање и реализира две средба со Министерот за здравство. До решавање на проблемот сеуште не е дојдено.
Правно средство до Министесртсвото за здравство на РСМ:
Во однос на повредените права на пациентите и предизвикување на материјална штета кај истите Сојузот на 29.08.2023 год поднесе и Претставка до Министерството за здравство, а истата во фотокопија беше доставена и до Претседателот на РСМ и Претседателот на Владата на РСМ.
Одговор по претставката, од Министерството за здравство на РСМ во предвидениот законски рок од 15 дена Сојузот на здруженија на дијабетичари на СМ нема добиено.
Во однос на состојбата во која се наоѓаат граѓаните – пациенти со дијагноза дијабетес во РСМ во бројка од 116000 од кои 4000 пациенти тип1 (600 деца до 18 години) и 40000 пациенти тип2 сите 44000 инсулинизависни останатите на таблетарна терапија, Сојузот во името на сите се обраќа до Вас и БАРА заштита во постапките за остварување на правата на пациентите.