Сѐ уште се трага по исчезната Вања

Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната.

„За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката“, соопшти вечерва полицијата.

Мајката на девојчето денеска била известена од класниот раководител дека нејзината ќерка не дошла на час. Тврди дека ќерка ѝ утрово била добро расположена, ѝ дала пари за ужинка, по што заминала во училиште. Не се сомнева дека самоволно заминала некаде затоа што се работи за мирно и повлечено девојче во кое има целосна доверба.

Семејството се сомнева дека е киднапирана.

Девојчето е облечено во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели патики со кафеава лента на ѓонот. Последниот пат е видена во Дебар Мало на пат кон Песталоци.

Доколку имате било каква информација јавете се на 075-400-816.