![danka 3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/danka-3.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Повеќедневната потрага по телото на малата Данка Илиќ (2) продолжува и денеска. Припадниците на српското МВР се лоцирани на локацијата Лазарев кањон (Лазарева пештера) во село Злот, пишува Н1.
Се пребарува кањонот и по течението на Злотска река. Потрагата продолжува во целата област Бор.
Низ центарот на селото Злот, од каде што е еден од осомничените, утрово поминале два полициски автомобили, две полициски комбиња, еден автомобил и едно комбе за спасување и противпожарна заштита.
Се пребаруваат сите локации на кои води трагата.
Осомничените или одбиваат да кажат каде е телото, или даваат контрадикторни информации, а од МВР велат дека паралелно со претресот се одвива и распитот на осомничените.
Претходните денови детално беа прегледани дворовите на соседите и околните бунари.
На двајца осомничени за убиство на двегодишно дете им е одредена мерка притвор до 30 дена. Тие се уапсени по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации.
Под сомнение дека помогнале да се сокрие телото, уапсени се и братот и таткото на еден од осомничените.
Тие се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство.